Митови и факти | Дејан Трпевски: Не смее во „Сејф сити“ да има листа на повластени и листа на обични смртници
Сообраќајниот инжинер Дејан Трпевски вели дека системот „Сејф сити“ е добро решение за зголемување на безбедноста во сообраќајот во нашата земја, но дека ќе мора да се донесе добра законска регулатива, за тоа да профункционира во пракса.
Препорачано

– Ако немаме добра законска регулатива, системот џабе ни е, каков сака нека биде, најсофистицирени камери, најсофистицирени радари да земеме, нема да ја постигне својата ефикасност. Меѓутоа ако имаме добра законска регулатива, со која што корисниците на
на сообраќајниците, возачите, ќе се уверат дека нема да има махинација, дека нема да има прогледување низ прсти на никого и дека нема да има листа на повластени и листа на обични смртници. Тогаш сите со тек на време ќе го прифатат системот и полека ке се смени менталниот склоп и ќе го прифатиме како реалност, како секојдневие и ќе почнемe да ги чувствуваме и бенефитите од целата работа – вели тој.
Во „Митови и факти“ на „Слободен печат“, тој говори и за проблемот со големата гужва по сообраќајницте во Скопје, откако системот беше вклучен за пробниот период и потребата од нови креативни решенија со кои ќе се намали притисокот во главниот град.
Целото интервју погледнете го на следниот линк:


