Плакат за проектот „Медеја МК“

Митот за Медеја ќе оживее во едно современо и моќно сценско дело поставено во Битола

НУ Центар за култура – Битола и Здружението за култура и уметност „Движечки музички театар“ – Битола ја најавија премиерата на претставата „Медеја МК“, создадена според „Medeamaterial“ на Хајнер Милер, поезија на Ана Бунтевска и песни на Марјан Нечак.

„Медеја МК“ е авторски проект што низ спојот на театарот, музиката, поезијата и аудио-визуелните елементи отвора нов поглед кон една од најмоќните женски фигури во светската митологија. Претставата го истражува просторот помеѓу љубовта, предавството, болката и отпорот, поставувајќи ги вечните прашања на современото време.

Во претставата игра актерката Валентина Грамосли, додека адаптацијата, режијата, аудиоинсталацијата и музиката се на Марјан Нечак. Премиерата на претставата ќе се одржи на 21 јуни (недела), во 20 часот, на Голема сцена при НУ Центар за култура – Битола.

Во авторскиот тим на проектот се и преведувачките на текстот Наташа Аврамовска и Елена Китановска – Ристовска, сценографијата е на Марјан Нечак и Сергеј Светозарев, додека видеопроекциите ги подготви Сергеј Светозарев.

Инспициент е Александар Црвенко, тон-мајстор е Тони Тошевски, видеооператор е Владимир Пераловски, дизајнот на светло е на Никола Ѓеорѓиевски, а дизајнот на плакатот е на Сашо Илковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот