Атанас Костовски - Фото - Слободен печат / Методи Здравев
Атанас Костовски - Фото - Слободен печат / Методи Здравев

„Мито Хаџивасилев“ во аут

Претходно беа доделени државните награди „8 Септември“, „11 Октомври“, „23 Октомври“ „Климент Охридски“, „Гоце Делчев“… изостана очекуваната за новинарите, па по изоставената реакција на новинарските здруженија, се решив да го свртам редакцискиот телефон на „Слободен печат“ и искажаните зборови да ги замолам да ги претворат во овој текст.

Всушност, станува збор за недоделување на наградата за публицистика и новинарство за минатата година со името на некогашното прво македонско новинарско перо и првиот претседател на Здружението на новинарите на Македонија, првоборец и комунистички идеолог, Мито Хаџивасилев – Јасмин.

Традиционално државната награда „Мито Хаџивасилев – Јасмин“ се доделува од 1989 година. На 21 декември на роденденот на Јасмин. Поминаа повеќе од три недели и искрено очекував реакција од едно од двете наши новинарски здруженија, Здружение на новинарите на Македонија и Македонска асоцијација на новинари. Бидејќи ова изостана, како последен носител на наградата, заедно со колегата Љупчо Јолевски, и да не се случи како во мојот случај „никогаш не е доцна“ (со 87 години највозрасен носител на наградата), решив по распишувањето на конкурсот да предложам еден познат новинар за евентуално добивање на споменатата награда. И сè беше во законскиот рок. Поднесов во Министерството за култура 15 примероци и се надевав дека за 21 декември 2025 година ќе врзам вратоврска и ќе ја посетам свечената сала на Собранието на државата во која традиционално се доделуваат наградите.

Претходно беа доделени државните награди „8 Септември“, „11 Октомври“, „23 Октомври“ „Климент Охридски“, „Гоце Делчев“… изостана очекуваната за новинарите, па по изоставената реакција на новинарските здруженија, се решив да го свртам редакцискиот телефон на „Слободен печат“ и искажаните зборови да ги замолам да ги претворат во овој текст.

Во текот на јуни 2025 година бев известен дека ми истекнува двогодишниот мандат како член на одборот за доделување на наградата „11 Октомври“, значи дојде време за конституирање нови одбори за сите државни награди со амин на актуелната власт. По недоделувањето на споменатата награда „Јасмин“, замолувам еден од 120-те избраните пратеници во парламентот да постави прашање на првите пратенички прашања до Владата во новата година: Зошто не е доделена награда?

Еве неколку размислувања за евентуално поставеното прашање: Дали е на време конституиран одборот? Дали некому му пречи името на наградата? Дали им пречи некој од предложените кандидати? Дали навистина бил празен трезорот како што се зборуваше пред 15 декември?

Инаку, искрено уште минатата година почувствував дека нешто ќе се случи со наградата „Јасмин“. При претседател и четири потпретседатели на Собранието, министер и негов заменик и уште многу други државни функционери блиски на оваа област, ниту еден не се појави во свечената сала на македонскиот парламент при доделувањето на наградата. Тогаш се запрашав дали името на наградата или, пак, носителот на наградата им пречи? По годинешното недоделување на наградата, очигледно поблиску сум до името или, пак, непочитувањето на новинарската професија од актуелната власт.

Здружението на новинари преку својата адвокатска канцеларија да поведе соодветен судски процес за недоделување на наградата и по евентуалното добивање на процесот, двојно да го зголеми фондот за наградата „Никола Младенов“ за истражувачко новинарство на тема: Зошто не е доделена наградата за новинарство и публицистика Мито Хаџивасилев – Јасмин.

(Авторот е новинар во пензија)

ЈАЗИКОТ НА КОЈ СЕ НАПИШАНИ, КАКО И СТАВОВИТЕ ИЗНЕСЕНИ ВО КОЛУМНИТЕ, НЕ СЕ СЕКОГАШ ОДРАЗ НА УРЕДУВАЧКАТА ПОЛИТИКА НА „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот