Повторно мистериозно заболување во Белата куќа, се истражува нов случај

фото Архива

Случаите на мистериозна болест предизвикаа голема загриженост кај американските разузнавачи кои сè уште не се сигурни кој или што ги предизвикува симптоми на напад во нервниот систем и дали може да се наречат напади.

Белата куќа сè уште истражува случаеви на мистериозна болест, откако двајца нејзини службеници доживеаја ненадејни симптоми слични на оние од Хаванскиот синдром. Првиот немил настан се случил во близина на големиот овален тревник на јужната страна на Белата куќа кога на еден службеник одеднаш му се слошило. Тој имал главоболка и несоница, што се само лесни симптоми, а по една недела симптомите исчезнале. Друг службеник пак имал напад во близина на влезот во Белата куќа. Тој имал посериозни симптоми, па му била требна медицинска помош.

Случаите на мистериозна болест предизвикаа голема загриженост кај американските разузнавачи кои сè уште не се сигурни кој или што ги предизвикува симптоми на напад во нервниот систем и дали може да се наречат напади.

Си-Ен-Ен доби потврда од повеќе извори дека болеста е дијагностицирана и кај двајца службеници на Советот за национална безбедност во ноември 2020 година. Првиот случај бил еден ден по претседателските избори, а вториот случај е регистриран неколку недели подоцна.

Синдромот „Хавана“ е познат во американските разузнавачки и дипломатски кругови. Од него заболеа повеќе од 100 дипломати, шпиони и војници ширум светот. Но, случаите се од голема загриженост и приказната на Си-Ен-Ен се базира на интервјуа со над десетина сегашни и поранешни официјални лица кои знаееле за напорите на САД да најдат одговор за овие мистериозни настани.

                                    Како жртвите од Хавана ги опишуваат своите симптоми?

Пет години истражителите се обидуваат да дадат објаснување на необичните искуства пријавени од американски дипломати и други владини претставници во Куба, Русија, Кина и на други места. Жртвите на Хаванскиот синдром опишуваат ненадејна вртоглавица, главоболка и притисок во главата понекогаш придружени со изразен тинитус.

Некои велат дека избегале од симптомите преместувајќи се во друга просторија и враќајќи се на почетната позиција. Бројот на случаи ширум светот расте. Њујорк Тајмс пишува за повеќе од 130 случаи ширум светот во изминатите пет години. Си-Ен-Ен пак објави дека се забележани случаи во Европа и дека барем една таква епизода се случила надвор од Соединетите држави во последните две недели.

Во декември минатата година, САД за прв пат понудија објаснување за мистериозните симптоми што ги доживеале американските дипломати во амбасадата во Хавана, поради што синдромот бил именуван така. Симптомите одговараат на „ефектите на пулсирачката радиофреквенција насочена кон енергија“, се вели во извештајот на Националната академија на науките и инженерството.

Долго време, синдромот Хавана е предмет на интензивни шпекулации поради природата на симптомите и локациите на амбасадите како што се Куба и Кина. Но, тој извештај во декември минатата година беше првото официјално објаснување на Вашингтон за мистериозната болест. Покрај споменувањето на радиофреквенцијата, извештајот остави отворена и „можноста за повеќе поврзани фактори, вклучително и психолошки и социјални фактори“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот