„Мис Хитлер“и нејзиното момче зад решетки заради членство во неонацистичка група
Според зборовите на обвинителот Барнаби Џејмисон, изборот за мис е организиран со цел пропаганда и привлекување на членови.
Поранешната победничка на контроверзниот избор на убавица „Мис Хитлер“ е осудена на затворска казна заедно со уште тројца членови на забранетата неонацистичка терористичка група во Велика Британија.
Препорачано
Алис Катер (24) и нејзиниот партнер Марк Џоунс (25) се прогласени за виновни поради припадност на забранетата група Национална акција, по судењето во март заедно со Гери Џеко и Конор Скотерн. Катер е осудена на три и пол години затвор, а Џоунс на пет.
Се запознале откако Алис Катер победила на „Мис Хитлер“ каде се претставила како „Принцеза на Бухенвалд“ – референца на концентрациониот логор во нацистичка Германија, каде се убивани Евреи.
Тие го посетиле Бухенвалд во 2016 година, а на поротата и е прикажана фотографија од двајца мажи како стојат во просторија за погубување и држат знаме на Националната акција.
Обвинителството наведува дека Катер се пријавила на натпреварот „Мис Хитлер“ во јуни 2016 година, неколку дена откако лабуристичката пратеничка Џо Конс ја уби невработениот градинар Томас Мер, опседнат со нацизмот.
Според зборовите на обвинителот Барнаби Џејмисон, изборот за мис е организиран со цел пропаганда и привлекување на членови.


