Мирјана Најчевска: Од каде им се пари на владиците да се лекуваат приватно од ковид-19?

Професорката и експерт за човекови права Мирјана Најчевска ја искоментира веста за лекувањето на владиците Петар и Агатангел од ковид-19, во една од приватните болници во Македонија. Со тоа, професорката вели, дека тие покажале „недоверба кон шефот“.

„Прво, држи кревет на некој на кој навистина му треба. Второ, покажува апсолутна недоверба кон шефот. Трето, од каде бре толку пари кај некој кој се откажал од материјалното во име на духовното?“, искоментира Најчевска на социјалните медиуми.

Владиката Петар и Владиката Агатангел се хоспитализираниоткако биле тестирани позитивни на ковид-19. Владиката Петар за Сител рекол дека не бил на кислородна поддршка, но бил хоспитализиран од 23 март, поради превентива за можни компликации. Сега се чувствувал добро, но го чека негативениот тест за да си оди дома. Според неговите информации во стабилна здравствена состојба е и повардарскиот митрополит Агатангел, кој е хоспитализиран пред некој ден.

Владиците Петар и Агатангел се хоспитализирани поради ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот