Министерството за здравство во Газа ќе престане да се координира со СЗО за евакуацијата на болниците

Болница во Газа / Фото EPA-EFE/KHALED ELFIQI

Министерството за здравство на Газа одлучи да ја прекине координацијата со Светската здравствена организација за евакуација на ранетите и медицинскиот персонал, соопшти портпаролот на Министерството, Ашраф ал Кудра.

Тој ова го изјави по апсењето на директорот на болницата Ал-Шифа и други лекари.

Ал-Кудра рече дека Израел и ОН сносат одговорност за апсењето на медицинскиот персонал, додавајќи дека израелските сили насилно се справувале со медицинскиот персонал и пациентите.

Ал Кудра претходно потврди дека израелските одбранбени сили го уапсиле директорот на најголемата болница во Газа Ал Шифа.

– Доктор Селмеја, директорот на болницата Ал Шифа, како и дел од медицинскиот персонал кој се уште е присутен во болницата, се уапсени, рече тој.

Објектот беше една од главните цели на израелската копнена операција во северниот дел на Газа, а војската изврши упад минатата недела.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) тврдат дека Хамас користи комплекс од тунели под болницата за да организира напади и да крие заложници, што милитантната група го негира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот