Министерство за култура: Грчко-македонска соработка во областа на конзервацијата и реставрацијата

????????????????????????????????????

Во работна посета на Република Северна Македонија од 1 до 4 април престојуваат Флора Карагијани од Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици и Марија Мерцани, раководител на Дирекцијата за конзервација на антички и современи споменици од Република Грција.

Гостите од Грција се сретнаа со министерката Ирена Стефоска и на средбата, меѓу другото, било иницирано потпишување меморандум за соработка со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици. На средбата била потврдена отвореноста за конкретна соработка помеѓу двете пријателски земји со особен фокус на конзервација и реставрација на византиското наследство, обука на стручни кадри за заштита, како и академска соработка и изработка на трудови.

Делегацијата од Република Грција ги посети и Археолошкиот музеј, Заводот за заштита на спомениците на културата во Битола, црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, како и црквата „Св. Софија“ во Охрид.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 75, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 3-4 април 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот