Министерот Спасовски на средба со претставници на Македонски полициски синдикат: Реновирани над 50 објекти на МВР

Можните предизвици и насоки во делот за подобрување на условите за работа на полициските службеници беа во фокусот на денешната средба на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски со претставници на Македонскиот полициски синдикат предводени од претседателот, Марјан Кицев.

Спасовски потенцирал дека МВР го завршило својот дел од обврските во врска со отпочнувањето со градба на новиот центар за странци во Стенковец, објект од особено значење со кој Република Северна Македонија ќе ги обезбеди стандардите на Европската Унија (ЕУ) околу третманот на лицата странци до нивното формално регулирање на статусот во државата.

Како што соопштија од МВР, министерот Спасовски ги информирал претставниците на Македонскиот полициски синдикат дека досега се реновирани над 50 објекти во МВР, а во моментот се работи на СВР Куманово, Ресен и Ростуше и оти оваа динамика ќе продолжи и понатаму се со цел подобрување на условите за работа на вработените.

– На средбата меѓу другото министерот Спасовски информираше дека многу скоро ќе се започне со испорака на новите униформи за полициските службеници, се наведува во соопштението од МВР.

Од Македонскиот полициски синдикат изразиле благодарност до министерот Спасовски за досегашната поддршка и посветеност во реализацијата на голем дел на успешно завршени проекти, како и за заложбите на министерот за значително подобрените услови за работа на полицијата и на полициските службеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот