Министерот Османи пристигна во Софија и веднаш замина на средба со Захариева

Бујар Османи и Екатерина Захариева, Фото: mia.mk

Министерот за надворешни работи Бујар Османи попладнево пристигна во Софија, јави дописникот на МИА од бугарскиот главен град.

Според дипломатски извори на МИА во Софија, македонската делегација, веднаш по пристигнувањето, се упатила на средба со бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во владината резиденција „Бојана“.

Бугарската национална телевизија (БНТ) јави дека централна тема на разговорите се очекува да биде Акцискиот план меѓу двете земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот