Министерот Хоџа и двајца заменици министри поднесоа оставки
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа на денешната прес-конференција соопшти дека поденсува оставка од функцијата, заедно со неговите двајца заменици, бидејќи како што вели тој, не можеле да го идентификуваат нивното политичко дејствување како движење БЕСА, со коалиционен партнер кое користи недемократско дејствување, со цел да остане на власт, говорејќи за ДУИ.
Препорачано
„Ако во 2016-та година беше соборен режим, друг дел од тој режим не беше соборен. Денес после 5 години се докажа дека ДУИ не се реформирале, туку ги усовршиле своите методи на класичен режим“ вели Хоџа.
Според него, оставката е морален чин како и почитување на органите на БЕСА. Тој вели дека во движењето БЕСА работат за гордост и достоинство, а не само за власт.
„За нас власта е можност да покажеме дека може да работиме во интерес на граѓаните“ смета Хоџа.

Не стапил во контакт со Реџепи
Хоџа вели дека тој апсолутно не стапил во контакт со пратеникот Реџепи, но рече дека очекува да се врати и да ги објасни своите постапки.
Тој вели дека БЕСА има јасна цел, борба за демократија.
БЕСА се ориентира кон ЕУ
„Нашата ориентација кон ЕУ е јасна, нема друга алтернатива од ЕУ, партнерството со САД и членките на ЕУ“ вели Хоџа.
Тој вели дека движењето БЕСА ќе тргне од демократијата, бидејќи таа во Македонија не била присутна и била загрозена поради ДУИ.
„Во моментот кога тие гледаат дека ќе паднат од власт се спојуваат сите групи кои цела година се препукуваат“ додава Хоџа.


