Министерот Борко Ристовски побара фудбалерите на Вардар да ѝ се извинат на јавноста за вулгарната песна во која ја споменуваат Каролина Гочева
Министерот за спорт Борко Ристовски го осуди непримерното славење на победата на ФК Вардар со вулгарни песни, откако синоќа се појавија видео-снимки од таквата прослава.
Препорачано
Во однос на синоќешните видеоснимки кои се појавија од прославата на ФК Вардар, како Министерство, но и од мое лично име како министер за спорт, сакаме да ја известиме македонската јавност дека недвосмислено го осудуваме ваквиот тип прослави, кои вклучуваат навреди по која било основа, особено доколку во нив се вклучени спортски работници, играчи, селектори и лица од јавниот живот. Слични случувања имаше и минатата недела во Кавадарци, со политички конотации и навреди кон спортски институции, меѓу кои и ФФМ, а истото сега повторно се повторува. Министерството за спорт најостро ги осудува ваквите провокации и јавно бара чинителите да и се извинат на македонската јавност. Воедно апелираме вакви случувања во иднина да не се повторуваат, затоа што Министерството за спорт ќе изнајде начин секој ваков настан соодветно да биде санкциониран. Ги разбираме ривалствата меѓу екипите, но не треба да се заборави дека спортот се игра за публиката и дека сите чинители имаат одговорност кон јавноста и општеството, вели Ристовски.
Фудбалерите на Вардар вчера со победата против Струга од 1-0 и математички ја обезбедија шампионската титула на едно коло пред крајот на првенството, па така дербито со Шкендија наредниот викенд во Скопје нема да има преголемо резултатско значење. Но, на социјалните мрежи беше објавено видео како титулата ја слават и со вулгарна песна кон Битола.
ВИДЕО | Вардар победи во Струга и по шест години стана шампион на Македонија


