Министерката за култура, Ирена Стефоска, денеска ја реализира најавената посета на Општина Охрид и средбата со градоначалникот, Кирил Пецаков./ EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерката Стефоска и градоначалникот Пецаков за зачувување на статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО

Министерката за култура, Ирена Стефоска, денеска ја реализира најавената посета на Општина Охрид и средбата со градоначалникот, Кирил Пецаков.

На работната средба било разговарано за активностите што се реализираат, како и за активности што треба да се преземат во насока на зачувување на статусот на Охридскиот регион како подрачје заштитено од УНЕСКО.

Пецаков ја информирал Стефоска за чекорите кои што Локалната самоуправа ги презема во таа насока, како и за средбите што ги остварил со претставници на институциите инволвирани во односната проблематика.

Притоа Стефоска нагласила дека Министерството за култура целосно стои на располагање на Општина Охрид за сите активности што треба да се преземат, како и оти ќе учествува во посредување на остварување средби помеѓу градоначалникот и сите релевантни институции од државата и странство.

На средбата бил констатиран заедничкиот интерес од продолжување на веќе воспоставената практика во исполнувањето на препораките од УНЕСКО.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот