Министерката Апостолска пред романски компании од регионот Прахова

Поволните политики за поддршка на инвестициите кои ги спроведува Владата на Република Северна Македонија ви обезбедуваат стимулативна и предвидлива бизнис клима, која ветува долгорочни и развојни економски перспективи за вашите бизниси, порача министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска на работната средба со претставниците од Комората за индустрија и трговија на регионот Прахова во Плоешти, Романија.

Министерката Апостолска, како што информира нејзиниот кабинет, на средбата го претставила Планот за економски раст, можностите кои им стојат на располагање во технолошко-индустриските развојни зони и финансиската поддршка за реализација на нови инвестиции во производство.

-Нашата држава е длабоко навлезена во фазата на градење на државата според европските вредности, подигнување стандарди и капацитети во општеството, зајакнување на владеењето на правото и правната сигурност. На овој начин успеавме да воспоставиме стабилна политичка рамка, која е императив за стекнување на доверба на странските инвеститори. Во овој сегмент на владините економски политики, транспарентните и законски втемелени мерки не дозволуваат простор за било каков политички волунтаризам- истакнала министерката Апостолска.

Министерката Апостолска, како што се наведува во соопштението, изразила уверување дека можностите за инвестирање ќе бидат препознаени од страна на бизнис секторот во Прахова, но и ги информирала членките на комората за условите дека доколку одлучат да инвестираат во земјава може да очекуваат поддршка за креирање на добро платени работни места, зајакнување на конкуреноста, воспоставување на соработка со домашни компании и формирање на центри за истражување и развој.

Пред присутните компании се обратил и Аурелиан Гогулеску, претседател на Комората за индустрија и трговија и почесен конзул на Република Северна Македонија во Романија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот