Милошоски: За блокадата од Бугарија, можеме да понудиме европски модел, по примерот на Словенија и Хрватска

Антонио Милошоски / Фото: ,,Слободен печат''- Драган Митрески

„Идејата на ВМРО-ДПМНЕ е да делуваме за подобрување на стандардите на Македонија и нивно приближување до европските стандарди. Суштински да се подобри функционирањето на државата, а не со пароли, а во дела да имаме назадување. И второ ако зборуваме веќе за Уставот, за блокадата од Бугарија, за тоа што СДС лекомислено го прифати да биде дел од преговарачката рамка, ВМРО-ДПМНЕ може да понуди еден европски модел, а тоа е моделот на Словенија и Хрватска и тие две земји едната членка на ЕУ другата аспирант за членство имаа одреден проблем, но тој проблем кој постоеше помеѓу Словенија и Хрватска со помош на Брисел помогна за зачленување на Хрватска во ЕУ“, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.

Тој додаде дека СДСМ е партијата која Македонија ја донесе во потчинета позиција кон Бугарија.

„ СДС беше партијата која на Бугарија ѝ ја направи најголемата услуга со потпишувањето на Договорот за добрососедство, СДС ја донесе Македонија во потчинета позиција кон Бугарија. Со блокадата од Бугарија се гледа дека е така бидејќи Бугарија се повикува на Договорот и става вето и диктира преговарачка рамка“, рече Милошоски.

Тој потенцираше дека употребата од страна на власта на тој европски фронт стана карикатурална парола.

„СДС и ДУИ од паролата европски фронт, направија политичка карикатура, затоа што не е европски ако вие на еден граѓанин на Македонија како Јилдиз Веапоска од Дебар во дива болница во Струга и направат таква човечка штета со лекарска грешка и неказнет останува сторителот на тоа дело, само затоа што е член на ДУИ беше директор на државната болница во Струга. Не е воопшто европски фронт кога имате купопродажба на трговскиот центар Соравија за нула евра и еден кој му е внук на Али Ахмети добива 39 проценти од Соравија која вреди 35 милиони евра. Тоа не е европски фронт, воопшто не европски кога првиот човек на ДУИ од Чаир иде со група на бандити во М-НАВ го загрозува воздушниот сообраќај прави глупости внатре се тепаат се кошкаат реагираат дури и земји членки од НАТО, а некој тврди дека тоа е европски фронт. На анкетна комисија во Собрание имавме барање за политичка одговорност на оние лица кои направиле некаков скандал на штета на пациентите СДС и ДУИ беа против да се донесат било какви заклучоци, а гледаме дека сега Обвинтелството постапува и двајца од тие избрани и именувани личности, едниот од СДС, другиот од ДУИ, сега се пред истрага“, заклучи Милошоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот