Милков: Македонија да се вразуми дека треба да размислува за европската перспектива

Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков во интервју за БТВ повторно кажа дека во Македонија има случаи во кои луѓе со бугарска самосвест се репресирани, а на таквите лица Бугарија била подготвена да им помогне кога поднесуваат жалби до домашните, но и до европските судови.

– Повеќето од нив немаат финансиски или други средства сами да го направат тоа. Мора да се охрабрат и да се чувствуваат поддржани зашто во спротивно може да бидат скршени, додаде Милков.

Притоа ја предупреди земјава дека треба да размислува за европската перспектива.

Како што кажа Милков, Северна Македонија нема рок за да го спроведе францускиот предлог, односно кога ќе го исполни – тогаш ќе се отвори првата фаза од преговарачкиот процес. Тој во интервјуто, меѓу другото, говореше за „зголемените тензии во македонско-бугарските односи“.

– Се надевам дека ќе се вразумат во однос на фактот дека треба да размислуваат за европската перспектива. Топката е на нивен терен. Немаат рок за спроведување на францускиот предлог. Кога ќе го исполнат, тогаш ќе се отвори првата фаза од преговарачкиот процес“, рече Милков.

Тој нагласи и дека во моментов постои зголемување на тензиите во односите со земјава.

„Во последните месеци бевме сведоци на разни дејствија кои се непријателски и неконзистентни со разбирањето и договорната основа“, рече бугарскиот в.д. министер за надворешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот