Милијардер со кривична против Фејсбук поради рекламирани измами

Австралиски милијардер покрена кривична постапка против Фејсбук, обвинувајќи ја компанијата за неуспешно спречување на лажни реклами – измами, кои користеле негова фотографија, јави Би-Би-Си.

Ендрју Форест тврди дека Фејсбук ги прекршил австралиските закони за перење пари со тоа што не ги спречил лажните реклами за криптовалути, кои притоа користеле негова фотографија. Тој додаде дека, по првпат, Фејсбук се соочува со кривично дело, глобално.

Мета, која го поседува Фејсбук, не коментираше за случајот на Форест, но рече дека се „посветени на тоа да ги држат тие луѓе (измамници) подалеку од платформата”.

Д-р Форест, кој е претседавач на Fortescue Metals, обвини дека Фејсбук бил „криминално непромислен” и тврди дека компанијата не успеала да ги отстрани објавите на измамниците кои ја користат неговата фотографија за промовирање на инвестиции во криптовалути, кои се појавуваат на веб-страницата од март 2019 година. Измамниците користеле и фотографии од други познати личности. Иако Фејсбук забранува такви реклами, многу од нив, сè уште се појавуваат на платформата.

Форест појасни дека во ноември 2019 година, му пишал отворено писмо на создавачот на Фејсбук, Марк Закерберг, поттикнувајќи го да преземе повеќе, за да се реши проблемот.

– Загрижен сум за невини Австралијци кои се излажани од „кликбејт” реклами на социјалните мрежи, додаде Форест.

Тој реагира заради Австралијците, но „ова се случува насекаде во светот”.

Случајот во австралискиот суд ќе започне од 28 март. Ако заврши успешно, Фејсбук може да се соочи со казни, или да биде принуден да го промени своето рекламирање.

Форест, исто така, поднесе граѓанска тужба во американската сојузна држава Калифорнија, каде што е седиштето на Фејсбук.

Во таа тужба, тој тврди дека Фејсбук „свесно профитира од овој циклус на нелегални реклами”, пренесе весникот „The Australian”.

Една жртва во Австралија, изгубила 670.000 долари, поради лажна потврда на Форест, пишува весникот, повикувајќи се на судски документи.

Во изјава за медиумите, Мета соопшти дека рекламите за измама ги прекршуваат нејзините политики.

– Имаме повеќеслоен пристап со цел да ги запреме овие реклами. Ние работиме, не само за да ги детектираме и да ги отфрлиме самите реклами, ами и да ги блокираме огласувачите од нашите сервиси, а во некои случаи, преземаме и судски дејствија за да се спроведат нашите политики, изјави претставник на Мета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот