Зоран Милановиќ | Фото: ЕРА

Милановиќ разочаран од Макрон: Ни продаде 12 авиони, а потоа им продаде толку и на соседите кои не се членки на НАТО

„Ние сме членка на НАТО, тие се наши сојузници со кои имаме одредени договори и одредени завети што би можеле да се исполнат во критична ситуација. Треба да направиме сè за да не се остварат никогаш и да нема потреба од тоа. Но, можеме да видиме како се однесуваат стратешките сојузници од нашиот пример. Нашиот стратешки сојузник ни продаде 12 авиони, а потоа продаде исто толку и на нашите соседи – кои не се членки на НАТО. Не нè прашаа кога го направија тоа. А потоа мора да ги надградиме тие системи, а тоа ќе чини повеќе. Можеби да, но факт е дека Француската Република се грижеше за своите интереси – само за своите интереси, не бевме прашани за нашето мислење“, рече претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, пренесе „Танјуг“.

Зборувајќи за таа тема, тој додаде дека „ова не е критика кон никого, туку едноставно поттик да се размисли како дејствуваат државите, кои се нивните мотиви и што ги води кога донесуваат одлуки“.

Истакнувајќи дека „целата наша доктрина, размислување и сите наши важни одлуки треба да произлегуваат од грижата за сопствените интереси“, претседателот Милановиќ рече дека грижата за сопствените интереси не ја исклучува лојалноста и пристојноста кон партнерите.

„Не може да има иста стратегија за земја од четири милиони жители и земја од 65 милиони, земја што произведува и земја што купува, земја што плаќа заем и земја што го дава. Ова не е исто, воопшто не се еднакви улоги“, според Милановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот