Милановиќ при заклетвата ја парафразирал култната белградска група ЕКВ

Песната „Земја” на ЕКВ почнува со стиховите „Ова е земја за нас, ова е земја за сите наши луѓе, оваа е куќа за нас, ова е куќа за сите наши деца”…

Зоран Милановиќ денеска положи заклетва и стана петтиот претседател на Хрватска. Тој при инаугурацијата парафразираше песна од култната белградска група Екатерина Велика (ЕКВ), објавија хрватските медиуми.

– Оваа е куќа за нас. За сите нас. За нас кои сме тука, за генерациите кои доаѓаат и за оние кои доаѓаат и за тие кои ќе се вратат во својата куќа, истакна Милановиќ.

Хрватскиот портал Индекс истакнува дека реченицата „оваа е куќа за нас” е стих од песната „Земја” на ЕКВ.

Песната „Земја” на ЕКВ почнува со стиховите „Ова е земја за нас, ова е земја за сите наши луѓе, оваа е куќа за нас, ова е куќа за сите наши деца”…

Хрватските аналитичари говорот на Милановиќ го оценија како соодветен и балансиран.

Аналитичарот Давор Ѓенеро на прашањето дали Милановиќ употребил израз од песна на српска рок група, тој наведе дека не е невообичаено претседател да зборува со модерен јазик. Според него Милановиќ испратил порака и надвор од Хрватска.

– Треба да се знае дека ова инаугурација се следи со повеќе внимание во Белград отколку во Хрватска. Милановиќ испрати порака до граѓаните на Србија дека тоа што го мисли за Вучиќ не се однесува на државата Србија и нејзините државјани, посочи Ѓенеро за „Јутарњи лист”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот