Миланов: Вељаноски ја водел седницата согласно Деловникот, не може да го прогласите за виновен

Еленко Миланов / Скопје, септември 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Обвинетиот Трајко Вељановски, не комуницирал со ниту еден од другите обвинети во случајот „Организатори на 27 април”, во наводно планирање на упадот во Собранието, истакна неговата одбрана во завршните зборови за овој случај. Адвокатот Еленко Миланов, во денешните завршни зборови истакна дека од 30 илјади пораки од Вељаноски, воопшто нема комуникација меѓу него и обвинетиот Владимир Атанасовски (поранешен директорот на УБК), Никола Бошковски (во бегство) и обвинетиот Миле Јанакиевски.

– Од ниту еден сведок од обвинителството не слушнавме дека Трајко Вељаноски имал комуникација со Владимир Атанасовски и Никола Бошковски. Во овој период Вељаноски нема апсолутно никаква комуникација со Миле Јанакиевски. Додека, има шест пораки меѓу него и обвинетиот Спиро Ристоски, кој во тоа време бил министер за образование, рече адвокатот Еленко Миланов.

Бранителот на Трајко Вељаноски, адвокатот Еленко Миланов, исто така наведе дека уставниот поредок во тој период во РМ е парламентарна демократија и истиот е и по 27 април 2017 година и никаде не постои навод, дека некој сакал или се обидел да воспостави друг уставен поредок во земјата.

– Со тоа не е исполнет првиот и основен дел од оваа инкриминација за да може да се тврди дека некој од овде обвинетите го сторил делото. Ништо такво ниту се става на товар на обвинението, она што се става на товар е насилство, изјави Миланов.

Од сите изнесени докази, и вербални и материјални, нагласи Миланов, само се потврди дека Трајко Вељаноски конститутивната седница во Собранието ја водел строго според Деловникот.

– Не може за ова да го прогласите Трајко Вељаноски за виновен, рече Миланов.

Судењето за овој предмет го води судијата Илија Трпков. Главната расправа е во фаза на завршни зборови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот