Сашо Мијалков со „Ферари“ во Монте Карло / Фото: Принтксрин

Мијалков слободно може да се шета во Монако – целосно е ослободен од затворска казна

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков е слободен човек и слободно може да се шета во Монако. Ова произлегува од одговорот од Кривичниот суд по реакциите во јавноста откако беше објавена снимка како бил уловен во луксузното место пред мишелин ресторан како пристигнува со црвено „ферари“.

Иако за него се водеа шест судски постапки единствено одлежа затворска казна само за случајот „Империја“ и тоа во отворениот струшки затвор каде работеше како шофер откако се спогоди со Јавното обвинителство призна вина и доби тригодишна затворска казна и конфискација на имот.

На 23 мај минатата година излезе од затворот во Струга со условен отпуст одобрен со решение на Апелациониот суд Скопје кој траел до 25 април 2025 година.

-Претходно Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, на 29.03.2024 година, го уважи барањето за условен отпуст поднесено од Директорот на КПД Струга, за условен отпуст на С.М. со што решението е истиот да се отпушти од издржување на затворската казна на 25.12.2024 година, согласно кое решение Условниот отпуст трае до 25.04.2025 година, при што осудениот е должен да ги исполнува обврските кои ќе му бидат определени од пробациски службеник во подрачна Пробациска канцеларија на Управата за извршување санкции при Министерството за правда, велат од Кривичниот суд за „Слободен печат“.

Мерката за претпазливост, времено одземање на патната исправа му била укината по добиено позитивно мислење од надлежното јавно обвинителство на 26 април 2024 година, уште пред да излезе од затвор и била доставена на чување во МВР.

– Во однос на прашањето за патната исправа, со решение на Кривичниот совет од 26.04.2024 година, а по добиено позитивно мислење од надлежното јавно обвинителство, укината е мерката за претпазливост – Времено одземање на патната исправа и патната исправа е доставена на надлежно чување во надлежното МВР, велат од Кривичен.

Снимката пред луксузниот ресторан беше објавена на Инстаграм и на видеото се гледа како тој пристигнува, го остава возилото на паркирање и влегува во објект.

Мијалков беше обвинет за масовното прислушување во предметот „Таргет- тврдина“ кој застаре со измените на Кривичниот закони, му застаре предметот „Титаник 2“, во кој заедно со Мендух Тачи беше обвинет за изборни нерегуларности, ослободителни пресуди доби за случајот „Тортура“, односно за апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, за набавката на опремата за потребите на Петтата управа, „Трезор“ исто така беше ослободен, за „Плацевите на Водно“ доби условна казна, за „Империја“ среди со спогодба и менување на местото на живеење од Скопје во Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот