Мијалков се спаси од две години затвор за „Титаник 2“, Апелација до одби обвинението зашто делото застаре по измените на КЗ

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Апелацискиот суд Скопје денеска соопшти дека обвинението за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков го одбива, а врз основа на измените од Кривичниот законик. На останатите обвинети, поранешни членови на Изборната комисија Сашо Срцев, Бедредин Ибраими и Влатко Сајкоски, како и на лидерот на ДПА Мендух Тачи, затворските казни им ги преиначи во условни.

„Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет во јавноста познат како „Титаник 2“, по одржана јавна седница на ден 15.9.2023 година, а по извршено советување и гласање на ден 29.9.2023 година, донесе пресуда со која делумно ги уважи жалбите на обвинетите М.Т. од Т., Б.И. од Т., В.С. од К., С.С. од С. и пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција. Истовремено, по повод жалбите на обвинетиот С.М. од С.,а по службена должност, пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи во делот спрема обвинетиот С.М. од С. , носејќи одлука со која се одбива обвинението, согласно член 402 точка 6 од ЗКП. Вака донесената одлука е објавена во целост на веб страната на судот, а согласно Законот за управување со движењето на предметите во судовите“, соопшти денеска Апелација.

За предметот „Титаник 2“ имаше две судења. И во повтореното судење Кривичниот суд ги прогласи за виновни сите обвинети и им пресуди по две години затвор. Според образлошението на втората пресуда, која е со пониски казни од првата, обвинетите направиле директна повреда на изборното право во интерес на своите партиски интереси. Мијалков беше обвинет за примање награда за противзаконито влијание, а Тачи и екс членовите на ДИК за повреда на избирачкото право.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот