Михајловски: Пчеларството во Македонија не е исплатливо

Повеќе од 30 години сум пчелар и ако нема поддршка, субвенции од страна, и ако сме оставени сами на себе, ние сме непродуктивни и непрофитабилни, вели Михајловски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Медот од аспект на пчеларството, медопроизводството, можноста и шансите за вработување, на оваа тема во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, говори пчеларот, Александар Михајловски.

-Одржувам околу стотина пчелни сандаци, а бев инициран од моето здравје. Сакав да си го користам за себе, да знам како е произведен, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Александар Михајловски, пчелар.

Според искуството на Михајловски пчеларството во Македонија не е исплатливо.

-Повеќе од 30 години сум пчелар и ако нема поддршка, субвенции од страна и сме оставени сами на себе, ние сме непродуктивни и непрофитабилни. Но профитот може да се оствари на разни други начини, преку производство и употреба на пчелите за производство на други пчелни производи како што се коњуктурниот пчелен отров, прополис, полен. Медот сега доаѓа на секундарен план, не е веќе примарен производ на пчелите- вели Михајловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот