Михајловиќ за 12 дена работа доби три милиони евра
Миха не можеше да се договори со новите челници на Спортинг, па своите права реши да ги заштити пред Судот за спортска арбитража кој одлучи во негова корист.
Српскиот фудбалски тренер кој боледува од леукемија е побогат за три милиони евра. Синиша Михајловиќ овие пари ги доби како отштета од страна на португалскиот клуб Спортинг.
Препорачано
Вкупно 12 дена беше тренер на лисабонската екипа, но без ниту еден натпревар.
Беше ангажиран од претседателот Бруно де Карваљо, но откако девет фудбалери одлучија тие денови да го напуштат клубот поради нападите од навивачите, Де Карваљо беше сменет на гласањето на управата, а потоа новиот претседател, Жозе Соуза Синтра, соопшти дека „пробниот период на Михајловиќ“ во клубот завршува.
Миха не можеше да се договори со новите челници на клубот, па своите права реши да ги заштити пред Судот за спортска арбитража кој одлучи во негова корист.
Актуелниот тренер на калчолигашот Болоња првично побара 10 милиони евра отштета, но судот во Лозана пресуди дека Португалците ќе мора да исплатат „само“ три милиони.
– „Сè е исплатено“ – кратко за португалскиот медиум „Рекорд“ рече еден од челниците на Спортинг Лисабон во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.


