Мигранти / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Мигрантите од Куба продолжуваат преку Северна Македонија да бараат подобар живот во ЕУ

Лани МВР откри 410 мигранти од Куба за периодот од јануари до октомври, а од почетокот на годината се регистрирани уште 17 Кубанци кои сакале преку нашата земја да стасат во земја членка на ЕУ, најчесто во Грција.

Последниот обид за шверц на мигранти од оваа карибска земја е откриен вчера на автопатот А1 кај наплатната рампа „Демир Капија” во такси возило марка „дачиа логан” со скопски регистарски таблички управувано од С.С. од Скопје. Во неговиот автомобил биле откриени тројца Кубанци, кои нелегално влегле на терититоријата на нашата држава.

На 13, овој месец двајца српски државјани превезувале девет мигранти од Куба, кои биле откриени во близина на бензинска станица кај Смоквица, при контрола на патничко возило „голф”, со српски национални ознаки. Меѓу мигрантите имало и две малолетни лица и сите заедно нелегално влегле во земјава.

На 6 јануари на патниот правец меѓу селата Прдејци и Смоквица е приведен П.Г.(48) од Богданци, кој превезувал пет лица-мигранти од таа земја.

Според МВР, Кубанците во нашата земја влегуваат од Србија и по преминувањето на нашата територија сакаат да продолжат во Грција. Поголем дел од мигрантите од Куба се економски и тие имаат намера да заминат за земјите на ЕУ.

-Мигрантите од Куба не остануваат во нашата држава и најчесто нивна крајна дестинација е земја членка на ЕУ, велат од полицијата.

На некои од мигрантите полицијата им изрекува глоби и им издава решенија за протерување од земјава, додека поголем дел се пренесуваат во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот