Мицотакис соопшти нов пакет економски мерки за поддршка на бизнисите и вработените

epa08813375 Greek Prime Minister Kyriakos Mitsotakis speaks during a joint news conference with Egyptian President Abdel Fattah al-Sisi (not pictured) at Maximos Mansion in Athens, Greece, 11 November 2020. Egyptian President Abdel Fattah al-Sisi is in Athens for a two-day visit. EPA-EFE/COSTAS BALTAS/POOL

 Денеска, можам да соопштам нов стимулативен пакет мерки кој ќе биде олеснување за над 500.000 бизниси, за самовработените и за милион вработени, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, најавувајќи шест мерки за справување со економските последици од пандемијата, јави дописничката на МИА од Атина.

За бизнисите кои од јануари до март имаа намален профит, предвиден е нов, седми циклус на финансиска помош во вид на т.н. „отплатен аванс” од 1.000 до 100.000 евра, а во мерката вклучени ќе бидат и малопродажбата и угостителството.

Паралелно, за оние кои имаа значителен пад на прометот во 2020 година, а зеле отплатен аванс во првите три циклуси, предвидено е ослободување од 30 до 50 отсто за отплаќање и зголемување на ратите од 40 на 60.

-Така, голем дел од помошта се претвора во директен грант, со други зборови, се претвора во неповратен аванс, истакна Мицотакис.

Додаде дека, за погодените сектори, со цел да се заштитат работните места, државата, преку еден вид на кредит за идните даночни и социјални обврски ќе субвенционира значителен дел од фиксните трошоци во 2020 година, кои не беа покриени со друга помош.

Во програмата за регулирање на кредитите, освен домаќинствата ќе бидат вклучени и бизнисите, а и за месец март ќе важат мерките што се однесуваат на даночните и социјалните обврски на погодените сектори и на ослободување од плаќањето кирија за недвижнините на бизнисите и .

Мицотакис во изјавата, соопштувајќи ги мерките рече дека од првиот момент кога се појави пандемијата, нагласил дека здравството е приоритет кој „мора да оди паралелно со заштитата на економијата”.

-Затоа, заедно со титанските напори за зајакнување на здравствениот систем, во 2020 година беа одвоени 24 милијарди за поддршка на вработените и бизнисите. А денес се мобилизираат уште 2,5 милијарди, зголемувајќи ги на 11,6 милијарди евра соодветните средства за 2021 година, истакна грчкиот премиер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот