9 C
Скопје

Мицкоски: За да не поскапи струјата треба да се намали маржата на универзалниот снабдувач

Тој потсети дека и укажаал во повеќе наврати на Владата дека цената на електричната енергија со либералиацијата на пазарот ќе се покачува и ја појасни постапката за формирање на цената на струјата

За да не поскапи цената на електричната енергија потребно е само да се намали маржата на универзалниот снабдувач која изнесува 11,5 отсто, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој потсети дека и укажаал во повеќе наврати на Владата дека цената на електричната енергија со либералиацијата на пазарот ќе се покачува и ја појасни постапката за формирање на цената на струјата

– Цената на електричната енергија се формира на начин на кој енергетските компании наплатуваат за својата услуга. Тука мислам на државните МЕПСО, НЕМО и ЕСМ сегашно-поранепно ЕЛЕМ за цената на електричната енергија која што ја продава на универзалниот снабдувач и тука Електродострибуција, која е приватна компанија, во сопственост на ЕВН Македонија и тука е маржата која што ја наплатува универзалниот снабдувач. Маржата која што ја наплаќа универзалниот снабдувал – замислете  го победил тогашниот државен ЕЛЕМ со пониска маржа и таа изнесува 11,5 проценти. Значи вкупната сума на пари која што ја плаѓаат граѓаните за тарифите на државите компании се зголемува за цели 11,5 проценти и тоа на крајот од годината во 2019 година предизвикало да ЕВН Македонија има профит поголем од две миларди денари или околу 35 милиони евра. Еве начин како да се намали цената на електричната енергија, односно да не се поскапи – само треба да се намали маржата на универзалниот снабдувач, рече Мицкоски.

Прочитајте и...  Словенија ќе го чека мислењето на ЕМА за вакцината на „Џонсон и Џонсон“

Според него, македонските граѓани и домашните компании плаќаат маржа која е историски највисока во Европа и неспроедлива со многу побогати држави, а Владата е доминантен сопственик во МЕПСО и ЕСМ.

Поврзани вести

Добри вести од Русија: Не е регистриран ниту еден случај на тромбоза по примање на вакцината „Спутник В“

Слободен печат

МГ Фешн: Сакаме да инвестираме во парк и фонтана со површина колку градскиот плоштад на паркингот кај Холидеј ИН

СП.

ВИДЕО | Поранешна полицајка од Минесота обвинета за ненамерно убиство за време на рутинско запирање на возило

Слободен печат

Турски суд нареди ослободување на новинарот Ахмет Алтан

Слободен печат

Ново истражување носи лоши вести: Бразилскиот вид се менува за да ја намали ефективноста на вакцините

Слободен печат

Вучиќ ја назначи Невена Јовановиќ за нов амбасадор на Србија во Северна Македонија

Слободен печат

Остави Коментар