Мицкоски: Повикувам на поголема свесност на негување и зачувување на нашиот јазик

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка за Денот на македонскиот јазик, во која повика на поголема свесност на негување и зачувување на нашиот јазик.

-Им го честитам на сите граѓани на Република Македонија 5 Мај – Денот на македонскиот јазик и азбука.

На денешен ден пред 75 години македонската азбука е усвоена како официјално писмо на македонскиот јазик.

Блаже Коневски велеше јазикот е нашата татковина, а Крсте Петков Мисирков  напиша дека постои македонска национална култура и историја, зашто тој факт го вооружува македонскиот народ со непобедливо оружје во неговата борба за човечки права и за слободен национален живот како рамноправен член во бројот на културните народи.

Денеска како никогаш порано македонскиот јазик и нација се ставен пред премрежије и  негација поради лошите и непромислени политики на актуелната власт. Штетната политика на власта ја отвори вратата на пропагандите, негациите, проблемите.

Нашето вековно постоење и македонската самобитност на нација и јазик е загрозена и замената со желбата за моќ и пари на оние кои управуваат со власта. Тие сакаат да управуваат и тргуваат со нашето постоење. Со едната рака покажуваат како го бранат јазикот, со другата го раскрчмуваат.

Но сакам да потенцирам дека јазикот е жива материја и истиот опстојувал со веков и ќе продолжи да опстојува и понатаму без разлика кој и да сака да го загрози.

Македонската нација и јазик поминале низ поголеми премрежија, но останале тоа што се. Ќе го поминеме и овој период како што доликува.

Повикувам на поголема свесност на негување и зачувување на нашиот јазик.

Дозволете ми уште еднаш да ви го честитам 5 мај- Денот на македонскиот јазик и азбука со желба за долг и вековен развој, истакна Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот