Фото: Драган Митрески - Слободен Печат.

Мицкоски и Заев го одложија пописот

По неколку часовни разговори за актуелните прашања во државата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и со лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев се договориле да го одложат пописот за септември годинава, соопшти Мицкоски.

-Попишувачите во наредниот период ќе се вакцинираат, по што пописот наместо според предвиденото на 1. април се одложува за 5. септември, рече Мицкоски додавајќи дека тоа е за заштита на населението во екот на пандемијата.

Лидерите поради ова договорија и одложување на локалните избори за во октомври.

Заев и Мицкоски исто така се договориле за измени во Изборниот законик, односно спроведувањето на изборите да се врши со фингерпринт идентификација на гласачите за да се спречи семејно гласање и злоупотреби во изборниот процес.

Лидерите се договориле дека вакви средби ќе има и во иднина, дури и во проширен состав, но целта е да се има квалитет, а не квантитет, рече Мицкоски по средбата со Заев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот