Мицкоски порача: Или ќе се бориме и победиме или ќе ја нема Македонија

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ / Фото: Скриншот

Доаѓа крајот на овие нечесни луѓе од владата какви во последните 30 години не сме виделе, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од говорницата пред Владата на големиот митинг под мотото „Премногу е“.

Тој им се обрати на илјадниците граѓани, членови и симпатизери на партијата и на коалциските партнери на ВМРО-ДПМНЕ кои вечерва дојдоа на митингот на најголемата опозициска партија:

-Подавам рака за овој договор, заедно да ги менуваме работите на подобро. Промени мора да има. Знајте оваа битка ја водам и за вас, и за вашата подршка секојдневно копнеам. Оваа поддршка се смета во процесот за промена на оваа власт, рече Мицкоски.

Тој власта ја нарече разуздана, криминална и предавничка.

-Му се обраќам и на премиерот кој се смее дека оваа земја била Западна Бугарија. Нека знае премиерот дека оваа земја, била, е и ќе остане нашата мила мајка Македонија. Тоа е таа огромна љубов која ја сакаме до болка, за која мечтаеме до последен здив. Ова е Македонија, ова е нејзиниот народ, Победуваме!, порача Христијан Мицкоски.

-Луѓето ми велат зошто толку си се насочил кон реушење на власта кога можеш да се иселиш од тука. Суштината зошто сум тука е повеќекратна. Владата е единствен причинител на сите наши несреќи и колективни разочарувања. Тука сме и поради причината кои сме и зошто сме тука, рече Мицкоски вечерва.

-Народот сака борба, сака да се избори за својата Македонија, нагласи Мицкоски додавајќи дека заедничката борба за Македонија зошто другиот избор е Македонија да ја нема, да не постои.

-Или ќе се бориме и победиме или ќе ја нема Македонија, мора ова да му биде јасно на секого!, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

ФОТО: Премногу е! – Почна митингот на ВМРО-ДПМНЕ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот