Мицкоски: На Македонија не ѝ треба претседател како Пендаровски измеќар на Али Ахмети, туку достоен како Силјановска Давкова

Македонија повторно горда подразбира Македонија повторно твоја, ваша, Македонија која нема да биде ограбена, која нема да биде засрамена, која ќе биде на народот ,а не на неколкумина политички моќници. Македонија каде народот ќе го има последниот збор. За жал денес во Македонија според Фридом хаус владее еден цикличен хибриден режим, кој го претставуваат двете владејачки партии ДУИ на Али Ахмети и нивните измеќари СДС, ова го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Свети Николе.

СДС Без идеја, без план, без стратегија, а единствено нешто кое како папагали повторуваат шест и половина години додека ја ограбуваат Македонија е ЕУ, ЕУ, а од ЕУ тоа што го знаат е евробанкнотата која ја земаат и ставаат во џеб како резултат на мито и арач од граѓаните преку наместените тендери, рече Мицкоски.

Тој истакна дека кога СДС е на власт секогаш има стратешки грешки и удари врз Македонија, народот и идентитетот како што се транзицијата, менување на знамето, новата територијална поделба на Македонија кога се зададе силен удар врз унитарниот карактер на државата, промен ата на уставното име, бугарскиот диктат, односно т.н. француски предлог.

„Зоран Заев кажа дека заедно со Ковачевски и Стево Пендаровски го правел тој предлог ова и тука се поставува суштинското прашање дали Стево Пендаровски мисли дека бугарскиот фашистички окупатор или бил администратор? Пендаровски исто така должи објаснување дали онаа изјава дадена на интервју дека Гоце Делчев бил Бугарин, дали мисли така? Суштината е дека секогаш кога има влада на СДС, Македонија стратешки губи. Македонија ги губи своите позиции во однос на своите соседи“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека секогаш кога има влада на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија се гради има повеќе за сите, а кога има влада на СДС, Македонија се ограбува, се понижува и се нанесуваат стратешки удари врз македонскиот идентитет, а за возврат скапо не чини и Македонија се празни.

„Затоа многу е важно пораката на обединување, единство и мобилизација да се рашири насекаде и да излеземе масовно на 24 април да се поддржи професорката Гордана Силјановска Давкова и да ја направиме Македонија повторно горда, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски посочи дека на овие избори од една страна го имате Стево Пендаровски кој во еден град рече „ако не ме гласате очи не сакам да ви видам, не ви идам во втор круг“, а од друга страна е Гордана Силјановска Давкова која изминативе 4 години во македонскиот парламент покажа како се брани и аргументира македонскиот идентитет.

– На Македонија не и треба претседател измеќар на Али Ахмети, на Македонија и треба достоен претседател како што професорката Гордана Силјановска Давкова. Ве повикувам да го пренесеме гласот на победата, на промените, на горда и твоја Македонија. Да испишеме историја на 24 април со огромна предност за професорката Гордана Силјановска Давкова, а потоа уште пожестоко да излеземе на 8 мај и да донесеме промени, да избереме влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, изјави Мицкоски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот