Мицкоски: Ќе морам да ја кажам таа срамна придавка

Уставни измени и бугарски диктат, додека сум премиер нема да има. Луѓето што ме познаваат знаат дека мојот збор тежи планина. Ќе правам се додека сум жив да ја исправам неправдата но во моментов сум немоќен.

Ќе морам да ја кажам таа срамна придавка. Ќе видите што значи работа. Мојата борба секој ден ќе биде да не ги разочарам граѓаните. Ветувам дека нема да се откажам. Нашите граѓани заслужуваат подобро, За неколку часа почнуваат првите сто дена од новата влада. Ветуваме дека ќе ги подигнеме стандардите, ќе ги намалиме даноците, ќе ги зголемиме пензиите, ќе почнеме фронт против корупцијата и почеток на нови капитални инфраструктурни проекти, изјави новиот премиер Христијан Мицкоски во Собранието вечерва каде беше изгласана новата влада.

Тој рече дека на граѓаните им треба повисок стандард, повисоки плати, помирен живот, желба да живеат тука во Македонија.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот