МЕТЕОРОЛОЗИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Нова бура им се заканува на Бахамите

Во наредните денови тропски циклон ќе се движи низ северозападниот дел на Бахамите и ќе донесе нови дождови и ветер на островите кои се уште не се опоравиле од ураганот Дориан, предупредуваат метеоролозите.

Ветрови од околу 45 км на час ќе донесат големи врнежи од дожд, а најверојатно ќе преминат во силно тропско невреме Умберто.

Центарот за следење урагани на САД издаде предупредување за тропско невреме за островите, вклучувајќи ги Абакос и Големите Бахами.

До Мајами може да се стигне во текот на овој ден.

Дориан ги погоди Бахамите на 1 септември со моќност од категорија 4 и тоа е едно од најсилните бури досега, со ветрови од 298 км на час.

Најавеното тропско невреме нема да донесе слично ниво на уништување, но налетите на ветер ќе бидат околу 60 километри на час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот