Металург имаше успешен тест пред двомечот со Спачва

фото: rkprolet.mk

Екипата од „Автокоманда“ ја темпира формата пред натпреварите од првото квалификациско коло во Лига Европа. Денеска во последниот контролен меч составот Металург го совлада Пролет со резултат 36:30 (10:7, 21:14, 29:25). Се играше 75 минути (3х20 + 15 минути), во победничките редови најефикасен стрелец беше Шилегов со девет голови.

Играчите на тренерот Зоран Кастратовиќ одличнаа го почнаа дуелот и веќе во шестата минута стекнаа предност од 6:2. Пролет успеа да се врати и во 11 минута дојде до израмнување на 6:6. Следеа неколку минути на израмнета игра, пред Металург повторно да направи серија и првиот дел да го заврши во своја корист 10:7.

Во второто продолжение „сино-белите“ уште повеќе ја зголемија позитивата, имаат „плус девет“ (20:11) во 36. минута, а овој период го добија со 21:14. Во третото продолжение Металург имаше постојана предност од шест-осум гола, иако при крајот на овој период имаше лоша реализација и ракометарите Пролет се доближија на само „минус два“, 27:25.

По 60 минути игра, Металург водеше со 29:25, а во последните 15 минути на својата предност додаде уште два погодоци за конечни 36:30.

Првиот дуел против хрватската Спачва во првото квалификациско коло на Лига Европа, Металург ќе го има на 29 август (19.00 часот) во салата „Автокоманда“, а реваншот е на 5 септември (19.30 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот