Метални парчиња пронајдени во пилешки грутки во САД

Метални парчиња пронајдени во пилешки грутки во САД / Фото: Anna Moneymaker / Getty images / Profimedia

Американскиот преработувач на месо Тајсон Фудс соопшти дека повлекува околу 13.608 килограми пилешки грутки, откако биле пронајдени метални парчиња во производот.

Фирмата објави дека доброволното отповикување е „од изобилство на претпазливост“. Производот бил произведен во ист објект и испорачан до дистрибутери во девет американски држави, вклучувајќи ги Алабама, Калифорнија и Илиноис, пренесува Би-Би-Си.

Американската служба за безбедност и инспекција на храна (ФСИС) соопшти дека примила извештај за полесна повреда при конзумирање на производот.

„Неколку потрошувачи пријавија дека пронашле мали, еластични метални парчиња во производот, и поради големата претпазливост, компанијата го повлекува овој производ“, објави Тајсон Фудс во соопштението.

Тајсон Фудс додаде дека клиентите кои го купиле производот треба да го фрлат и да контактираат со фирмата. Ова не е прв пат Тајсон Фудс, најголемиот американски производител на месо по продажба, да мора да изврши повлекување на свој производ.

Минатата година, во ноември, фирмата повлече мелено говедско месо, откако пронашла парчиња материјал „како огледало“ во месото. Во 2019 година, компанијата повлече серија од своите пилешки грутки откако клиентите пронашле парчиња сина гума внатре.

Истата година, повлече големи количини пилешко месо поради загриженоста дека може да бидат контаминирани со метал. Во 2022 година, Тајсон Фудс затвори голем број фабрики за преработка на пилешко во САД поради падот на побарувачката.

Но, бидејќи цената на говедското и свинското месо скокна повисоко од тоа колку би чинело пилешко, многу потрошувачи се префрлија на поевтината живина. Ова ги зголеми надежите дека неодамнешниот скок на побарувачката може да го зголеми профитот за прехранбените компании.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот