Лионел Меси/Интер Мајами

Меси руши рекорди: Аргентинецот во Мајами заработува богатство, трипати повеќе од вториот најплатен на листата

Лионел Меси повторно ги помести границите на заработката во американската МЛС-лига, откако со новиот договор со Интер Мајами ја зголемил својата годишна плата на околу 25 милиони долари.

Според најновиот извештај на Асоцијацијата на фудбалери во МЛС за 2026 година, Меси има основна плата од 25 милиони долари, додека вкупната загарантирана заработка достигнува 28,3 милиони долари годишно. Со тоа, аргентинскиот ас убедливо е најплатен фудбалер во лигата, со речиси три пати поголема плата од второпласираниот на листата.

Зад него се наоѓа Сон Хеунг-мин од Лос Анџелес ФК, кој заработува околу 11,1 милион долари годишно.

Податоците покажуваат и дека платниот фонд на Интер Мајами достигнал 54,6 милиони долари, што е за повеќе од 20 милиони повеќе од вториот најбогат клуб во лигата, Лос Анџелес ФК со 32,7 милиони долари.

Меси во 2025 година потпиша нов тригодишен договор со клубот, со важност до 2028 година, а во меѓувреме му ја донесе и првата титула во МЛС. Аргентинецот и натаму е доминантен и на теренот, со 59 гола на 64 натпревари во регуларниот дел од сезоната, додека оваа сезона има девет погодоци на 11 настапи.

ВИДЕО | Aрапи се тепаа со палки на дербито во Саудиска Арабија

ВИДЕО | Aрапи се тепаа со палки на дербито во Саудиска Арабија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот