Меси избегна посериозна повреда, но неговиот настап на Светското првенство сè уште е под знак прашалник
Фудбалерот на Интер Мајами и репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси, не е сериозно повреден, откако претрпел истегнување на мускулот, објави клубот од Мајами.
Препорачано
Меси се повреди на вчерашниот натпревар од МЛС лигата помеѓу Интер и Филаделфија унион (6:4).
Клубот од Мајами објави дека по дополнителните лекарски прегледи е утврдено дека Меси претрпел истегнување на мускулот на левата нога и додаде дека точниот датум на враќање на аргентинскиот фудбалер на теренот ќе зависи од текот на неговото закрепнување и медицинските проценки.
Аргентинските медиуми објавуваат дека фудбалерот на Интер би можел да отсуствува околу 10 дена, но додаваат дека Меси ќе биде подготвен за Светското првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико.
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, сè уште не го објави конечниот список од 26 играчи на кои смета за претстојниот Мундијал.
Аргентинските медиуми потсетуваат дека Меси сè уште јавно не потврдил дали ќе игра на СП, но додаваат дека сите во Аргентина очекуваат играчот на Интер да биде на списокот на Скалони, кој ќе биде објавен до 1 јуни.


