Меркел со најава по Самитот на ЕУ: Дигитален сертификат за вакцинација веројатно до летниот период

Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN MARQUARDT / POOL

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека дигиталните сертификати за вакцинација што ќе овозможат на луѓето да патуваат во Европа, и покрај пандемијата на коронавирусот, веројатно ќе бидат достапни пред лето.

– Сите се согласија дека ни треба дигитален сертификат за вакцинација, рече Меркел на прес-конференција по онлајн самитот на ЕУ.

Германската канцеларка додаде дека на Европската Комисија ќе и требаат околу три месеци за да развие техничка основа за вакви документи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот