Менаџерката на Кејтлин Џенер загина во фатална сообраќајка на 29 години
Долгогодишната пријателка и менаџерка на Кејтлин Џенер, Софија Хачинс, почина во трагична несреќа во четвороцикл во близина на домот на Џенер. Таа имаше само 29 години, објави Ти-ем-зи.
Препорачано
Според извори од полицијата и семејството, Хачинс била прогласена за мртва во средата наутро во Малибу. Ти-ем-зи пишува дека Хачинс се возела со четвороцикл во близина на домот на Џенер и се судрила со автомобил во движење, по што се превртела со своето возило и паднала во клисура.
Извори за Ти-ем-зи велат дека првите спасувачи кои стигнале до Хачинс ја прогласиле за мртва на самото место. Две лица во автомобилот што го удрила Хачинс не биле повредени. Не е јасно дали Џенер била дома во тој момент или дали била сведок на фаталниот судир.
Да потсетиме, Софија Хачинс и Кејтлин Џенер првпат се запознале во 2015 година, кратко откако Џенер јавно ја објави својата транзиција, а Хачинс подоцна се појавила во неколку епизоди од документарната серија „Јас сум Кејт“.
Покрај нивното долгогодишно пријателство, Хачинс работеше и како менаџер на Џенер, надгледувајќи ги деловните потфати и јавните ангажмани.


