Мекгрејди: Коби секогаш ми зборуваше дека сака да умре млад и да стане бесмртен

Поранешната НБА ѕвезда, Трејси Мекгрејди и близок пријател на Коби Брајант, зборуваше за смртта која ја шокира светската јавност.

Брајант во неделата го загуби животот во хеликоптерска несреќа која се случи во близина на Лос Анџелес, а покрај легендарниот кошаркар, животот го загубија уште осум лица меѓу кои и неговата 13-година ќерка Џиана „Џиџи“.

Веста за смртта ја шокиа светската јавност, речиси сите јавни личности ширум светот му оддадоа последна почит, меѓу нив е и поранешниот НБА кошаркар и голем пријател на Брајант, Трејси Мекгрејди.

– Звучи некако лудо, но кога ја започнувавме кариерата Коби често пати ми зборуваше:„Сакам да умрам млад и да бидам бесмртен“. Коби зборуваше сака да има поголема кариера од Мајкл Џордан и да умре млад. Пред да ја дознаам страшната вест си играв со мојата ќерка, кога сопругата ми кажа што се случило и не можев да поверувам. Уништен сум – изјави Мекгрејди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот