Мекгрејди: Коби секогаш ми зборуваше дека сака да умре млад и да стане бесмртен (ВИДЕО)
Поранешната НБА ѕвезда, Трејси Мекгрејди и близок пријател на Коби Брајант, зборуваше за смртта која ја шокира светската јавност.
Брајант во неделата го загуби животот во хеликоптерска несреќа која се случи во близина на Лос Анџелес, а покрај легендарниот кошаркар, животот го загубија уште осум лица меѓу кои и неговата 13-година ќерка Џиана „Џиџи“.
Веста за смртта ја шокиа светската јавност, речиси сите јавни личности ширум светот му оддадоа последна почит, меѓу нив е и поранешниот НБА кошаркар и голем пријател на Брајант, Трејси Мекгрејди.
– Звучи некако лудо, но кога ја започнувавме кариерата Коби често пати ми зборуваше: „Сакам да умрам млад и да бидам бесмртен“. Коби зборуваше сака да има поголема кариера од Мајкл Џордан и да умре млад. Пред да ја дознаам страшната вест си играв со мојата ќерка, кога сопругата ми кажа што се случило и не можев да поверувам. Уништен сум – изјави Мекгрејди.