Меѓународно истражување „КОВИД-19 и ментално здравје”

Фото: Профимедиа

Грижата за нашето психичко здравство е исто толку важна како и грижата за физичкото здравје. Универзитетската клиника за психијатрија е активно вклучена во справувањето во борбата со коронавирусот. Отворени се повеќе телефонски линии за психолошка поддршка, а во наредниот период ќе се организираат и повеќе активности и превенција за менталното здравје, соопшти Министерството за здравство.

Од Клиниката информираат дека во тек е меѓународно истражување за менталното здравје на населението за време на мерките за контрола на пандемија со овој вирус. Координатор на истражувањето е италијанското здружение за социјална психијатрија „Societa Italiana di Psichiatria Sociale” (веб psichiatriasociale.org), а истражувањето се спроведува во повеќе европски земји. Координатор за државава е токму Клиниката за психијатрија.

Оваа студија се спроведува со цел проценка на влијанието на пандемијата со Ковид-19, воведениот карантин врз менталното здравје кај нашето население и да се развијат соодветни здравствени интервенции. Истражувањето е доброволно, анонимно и информациите ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со постоечките закони, стои во соопштението.

Истражувањето „КОВИД-19 и ментално здравје” може да се погледне на овој линк.

„Да ги почитуваме препораките за заштита од коронавирусот и да се грижиме за нашето ментално здравје“, посочуваат од Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот