Меѓународните набљудувачи ќе дадат првична оценка за изборите

Фото: МИА
Меѓународните набљудувачи кои вчера го следеа првиот круг од претседателските избори денеска на прес-конференција во Скопје ќе ги соопштат првичните наоди и заклучоци.
Првичните наоди и заклучоци ќе ги објават Серен Мобурн, специјален координатор и шеф на краткорочните набљудувачи од ОБСЕ, Мари – Кристин Дало, шеф на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Рајнхолд Лопатка, шеф на делегацијата на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ОБСЕ ПС) и Корин Јонкер, шеф на набљудувачката мисија на ОДИХР за изборите.
Меѓународната мисија за набљудување на претседателските избори се состои од  170 набљудувачи од 32 држави, од кои 156 се долгорочни и краткорочни набљудувачи од редовите на ОБСЕ/ОДИХР, 11 парламентарци и друг персонал од ОБСЕ ПС и пет од ПССЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот