Меѓународна научна конференција „Македонија: историја, јазик, култура“

profimedia

Три научни институти при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Институтот за национална историја, Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”, заедно со Републичкото здружение на децата бегалци „Т’га за југ”, по повод 70-годишнината од завршувањето на граѓанската војна во Грција организираат меѓународна научна конференција насловена „Македонија: историја, јазик, култура”.

Научната конференција што ќе се одржи во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков”, ќе биде еднодневна и ќе биде поделени во три тематски целини: историја и образование, јазик и литература и култура и политика.

Се очекува научната конференцијата да ја отвори ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” проф д-р Никола Јанкуловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот