EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Меѓународниот претставник си заминува од Босна и Херцеговина

Високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, ќе се повлече по речиси пет години во Сараево и по притисокот од американската администрација, но има намера да остане на функцијата додека не биде назначен неговиот наследник, јавуваат германските и босанските медиуми.

Управниот комитет на Советот за спроведување на мирот бил информиран за одлуката и побарал да започне процесот на назначување на негов наследник.

Тој нагласил дека ќе продолжи да ги извршува должностите на висок претставник за време на процесот на избор на негов наследник, додавајќи дека „обединетата меѓународна заедница останува неопходна за стабилноста на Босна и Херцеговина и нејзиниот напредок кон евроатлантските аспирации“.

Шмит ги повика граѓаните и политичките лидери од двата ентитета и сите нивоа на власт дополнително да ги интензивираат своите напори и да работат заедно со неговиот наследник за спроведување на овие реформи и постигнување клучен напредок на патот кон евроатлантските интеграции.

Германската федерална влада кон средината на јануари 2021 година ја потврди официјалната кандидатура на Кристијан Шмит (63) за позицијата нов висок претставник во Босна и Херцеговина (БиХ).

На заминувањето на Шмит му претходеа години лобирање од Република Српска за негово протерување од БиХ, со оглед на тоа што властите во тој ентитет на БиХ сметаат дека е нелегално избран бидејќи направил потези што не ѝ одговараат на СНСД, чиј лидер на Милорад Додик.

Пораките се засилија откако делегацијата на СНСД беше во Русија. По средбата со Путин, тие истакнаа дека Шмит бил една од темите и рекоа дека бараат од Русија да интервенира во ова прашање, односно да очекуваат таа да интервенира и да ги поништи сите одлуки на Канцеларијата на високиот претставник за БиХ.

Исто така, познатиот германски весник FAZ објави анализа за заминувањето на Шмит, наведувајќи дека тоа не била доброволна одлука, туку американски ултиматум.

Во образложението, тие дополнително истакнуваат дека интересите на американскиот претседател Доналд Трамп поврзани со гасните проекти во Босна и Херцеговина (Јужна интерконекција) се всушност една од причините.

FAZ ги поврзува овие бизнис амбиции со промената на американската политика кон Милорад Додик, сугерирајќи дека разрешувањето на Шмит можеби било ветено како контрауслуга за поддршка на овие енергетски инвестиции. Имено, според извори на FAZ, се верува дека дел од договорот била согласноста на Додик за проектот што претходно го блокирал. Иако нема официјална потврда, извори блиски до дипломатијата тврдат дека тезата за „трговија“ – во која Додик го добива заминувањето на Шмит во замена за гасни проекти – изгледа многу реална во сегашните околности.

Шмит е политичар на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) и поранешен министер за земјоделство на Германија. Тој беше претставник во германскиот федерален парламент (Бундестаг), долниот дом на претставници, и е особено ангажиран за прашања од надворешната политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот