Меџити и официјално му сврте грб на Ахмети, почна постапката за формирање на ново движење

фото:МИА
Меџити обајви ново движење

Во моментов во салата на Општина Чаир Изет Меџити, еден од членовите на фракцијата на владејачката ДУИ, ја почна постапката за формирање ново движење.

Состанокот се одвива зад затворени врати, а изјави за медиумите се предвидени по завршувањето на состанокот. Тоа што до сега е познато е дека на дневниот ред се поставени три точки: Информации за актуелната политичка состојба во државата, дискусија за иницијативата на новата политичка иницијатива и разно.

Таканаречената „Огнена група“ веќе неколку месеци има несогласувања со нејзините сопартијци и тие денеска ќе го објават новото политичко движење во земјава кое ќе го предводи Меџити.

Од ДУИ пак се убедени дека активноста на фракцијата нема да предизвика некоја поголема штета кај нивните челнови.

Неофицијално, зад Меџити, останува чаирскиот градоначалник Висар Ганиу, Саранда Имери и Башким Хасани. Меџити најавува дека новото движење ќе биде само вовед во предизборен опозициски блок, зашто се очекува и средба неделава со Африм Гаши и Билал Касами.

Засега останува непознато дали ова ново движење ќе соработува со опозициските партии.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот