Протест за командантите на косовската УЧК / Фото: Методи Здравев - Слободен печат

Меџити доби јавна благодарност дека поранешните команданти на УЧК без проблем ја поминале границата

Ме извести и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, на кого му благодарам многу. Сакам да им се заблагодарам на сите кои ја презедоа иницијативата и испратија албански цариници и полицајци на границата и ова е најголемиот успех, рече Гуцати.

Јавна благодарност доби чаирскиот градоначалник и владин партнер Изет Меџити од организаторот на протестот за поддршка на поранешните команданти на косовката УЧК, Хисни Гуцати, дека поранешните команданти на УЧК без проблем и задржување ја поминале косовско-македонската граница. Според Гуцати, Меџити го гарантирал слободното движење на ветераните на УЧК.

-Штом генералите на ОВК пристигнаа во Скопје, границата е мирна, граѓаните ја преминуваат границата многу мирно, нема детална контрола. Сакам да им се заблагодарам на сите тие иницијатори кои ја презедоа иницијативата и испратија албански цариници и полицајци на границата и ова е најголемиот успех – рече Гуцати.

Хисни Гуцати еден од организаторите на протестот за поранешните команданти на ОВК / Фото: Фејсбук

Тој за ова лично му се заблагодари на Меџити.

-Ме извести и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, на кого му благодарам многу. Тој рече дека границата ќе биде отворена и е отворена за сите граѓани кои ќе дојдат да протестираат денес и дека границата е мирна – рече Гуцати.

Тој нагласил дека судењето на „ослободителите и војната на ОВК е волја на Русија и Србија“ со човек, како што вели тој, „лудак од Швајцарија, како Дик Марти, кој отиде во вечниот свет и ги понесе тие писма со себе“.

-Цврсто верувам дека ова го направила српската амбасада, заедно со руската во Швајцарија – рече претседателот на ОВК-УЧК, Хисни Гуцати.

На плоштадот „Скендербег“ во Скопје, во саботата се одржа протест за поддршка на поранешните команданти на косовската УЧК (Ослободителна војска на Косово – ОВК), на кои им се суди во Хаг за воени злосторства извршени за време на војната во 1998-99 година. Претходно организаторите на протестот стравуваа од можни приведувања на граница на поранешни команданти на УЧК  кои Србија ги бара со потерница.

 

Али Ахмети ги смирува тензиите: „Овој протест не е против Македонија“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот