Медведев го викнаа да чита руска литература, одбра тирада против Западот од 19 век

Дмитриј Медведев/ Фото EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY /

Руските државни медиуми и Министерството за култура започнаа проект наречен „Зборот на класиците“ во кој се читаат извадоци од делата на руските писатели. Еден од оние кои учествуваат во читањето е и пораншниот руски претседател и премиер, Дмитриј Медведев, кој сега има функција во Советот за национална безбедност.

Тој цитираше фрагменти од дело на рускиот поет и дипломат од 19 век, Фјодор Тјутчев.

Иако, според најавите на концептот со читањето руска литература, тој треба да се задржи на порелаксирани теми, Медведев ја искористи можноста да го нападне Западот, цитирајќи делови во кои Тјутчев зборува за односите со западните земји, а особено со Полска.

„Со векови, европскиот Запад сосема невино веруваше дека не може да има друга Европа освен нејзината. Штом го препознаеме ова, станува јасна вистинската основа на брзите успеси што го запрепастија светот и извонредната експанзија на Русија. Почнувате да сфаќате дека освојувањето и насилството биле најприродното и најлегитимното нешто што било направено во историјата. Тоа беше само едно огромно обединување“, го цитира Медведев рускиот поет кој објавил текст под наслов „Русија и Германија“.

Потоа се осврнал на деловите од текстот кои се однесуваат на односите со Полска.

„Станува јасно зошто, еден по друг, беа уништени сите неприродни аспирации, сили и институции. Станува јасно зошто Полска мораше да пропадне. Овде, се разбира, не станува збор за оригиналниот полски народ. Не дај Боже, туку за лажната цивилизација и лажната националност што му беше наметната“, го цитирал Медведев Тјутчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот