Медицинските сестри: Зошто не изоставивте од наградата 13 Ноември?

Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ е револтирано од деградирачкиот однос кој кон нивната професија го покажуваат честопати Здравствени власти. Претседателката на Унијата на медицински сестри Горданка Бешлиовска за Слободен печат вели дека изоставањето на тимот на медицински сестри од наградата „13 Ноември“ за првата трансплантација на срце ја прелило чашата. 

Градот Скопје соопшти дека е награден тимот кој ја изврши првата трансплантација на срце, но јас морам да кажам дека всушност е награден дел од тимот, бидејќи наградени се само докторите, а никој не ги забележа медицинските сестри и инструментарките, без кои не може да се изврши ниту една операција, а не пак ваква сложена операција. Ние сме горди на сите колеги од тимовите, сите успеси се и наши успеси но, не можеме да го премолчиме фактот дека често се заборава дека во здравствените тимови спаѓаат и медицинските сестри. Впрочем ние сме и носители на здравствените тимови, најважната алка во целиот здравствен систем. Во моментов кога се уште немаме закон за професијата и имаме само еден член во Законот за здравствена заштита кој не опишал како дел од здравствените тимови, деградирачки е дури и тој да не биде испочитуван, рече Бешлиовска.

Таа нагласи дека неопходно е да се оформи сектор за сестринство во рамки на Министерството за здравство каде ќе се централизираат сите потреби и проблеми на медицинските сестри.

-Медицинските сестри не учествуваат во донесување на одлуки, не се вклучени во Комисијата за заразни болести, ниту пак се вклучени во образовниот процес, иако во средното медицинско училиште има предмети кои треба да ги предава медицинска сестра, а не доктор, како што е грижа за пациент. Исто така на медицинските сестри им се плаќа за работа во смена, а не за дежурство, што е уште еден показател колку професијата медицинска сестра е деградирана, вели Бешлиовска.

Слободен печат дојде до имињата на медицинските сестри и инструментарки кои беа вклучени во првата трансплантација на срце, но беа исклучени од наградата „13 Ноември“. Тоа се Слаѓана Гроздановска, Јелена Жарковиќ, Мартина Караѓоска, Кристина Николовска, Магдалена Станчева, Анита Колевска, Александра Темелковска, Бранко Чочек, Игор Каевски и дипломираните медицински техничари Имран Елези, Катерина Ристовска, Александра Ристовска Тунев, Весна Наумовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот