Медицина, не политика: Повредените од Македонија се третираат исто како и бугарските државјани

Лекар од болницата во Бугарија
Лекар од болницата во Бугарија / Фото: МИА

Направени се сите консултации, повредите се обработени, можно е да бидат потребни и некои оперативни зафати. Преземено е се за повредените граѓани од Република Северна Македонија исто како што би било преземено и за бугарските дрѓавјани. Јас можам само за медицина да ви зборувам, не за политика. Меѓу двете држави има потпишан договор за здравствена заштита, изјави лекар од болницата во Бугарија.

-Ќе оставам на бугарските експерти да дадат заклучоци за причините за несреќата. Тоа ќе го кажат експертите, оти кога ние политичарите зборуваме за тоа погреѓно се сфаќа, рече премиерот Зоран Заев во изјава пред болницата.

Тој информираше дека членови на семејствата на повредените веќе се пристигнати во Софија.

Повеќе погледнете во видеото

 

Видео на денот